Гласаат затворениците, раселените и немоќни лица

Изборната кампања за претседателските избори и за предвремените локални избори што ќе се одржат во општините Охрид, Дебар и Ново Село заврши на полноќ и започна изборниот молк. Денеска, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде што ја издржуваат мерката.

Во Македонска Каменица денес во своите домови ќе гласаат 25 немоќни лица, според ОИК.

Извор: Радио Слободна Европа

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *