Германија ќе ги отвора границите во јуни

Германија има намера да ги отвори границите кон соседите во јуни, произлегува од телефонскиот разговор помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот австриски колега Себастијан Курц.

Кабинетот на канцеларот Курц потврди за АПА дека официјални лица разговарале, но нема детали.

Германија се подготвува за релаксација на мерките на границите, а канцеларката Меркел им претстави „двостепен план“ на своите партиски колеги во Бундестагот.

Од денеска се отвора германско-австриска граница за жителите на пограничниот регион, како и за оние кои работат преку граница, откако беше постигнат договор за отворање на неколку помали премини.

Меркел рече дека не сака граничните контроли и рестриктивниот режим да продолжат на неодредено време. Според неа, владата ќе разгледа понатамошни чекори кон отворање на границите

Според „Билд“, отворањето на границите ќе се одвива постепено, а граничните контроли ќе се вршат на случаен примерок.

Од 15 јуни, границите би можеле во целост да бидат отворени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *