Газдите веќе нема да се кријат зад своите фирми кога основаат нови

Газдите веќе нема да се кријат зад своите фирми кога основаат нови. До крајот на годината ќе профункционира Регистарот на вистински сопственици. Обврска на субјектите ќе биде да пополнат формулар во кој ќе ги наведат сите лица кои имаат удел во компанијата како и нивната поврзатност со други фирми.

Ако некој од сопствениците пак се крие зад трети лица, Регистарот не може да знае, а нема ни обврска, за тоа се надлежни истражните и судските органи, вели Бошкоска.

Според неа, целта на оваа институцијата е максимално да ги олесни процедурите за упис во системот.

Според евиденцијата на Централен регистар лани во земјава згаснале над 6000 фирми, половиата биле на сопственото барање – стечај или ликвидација, а половината по службена должност. Од почетокот на оваа година пак регистрирани се нови 2600 субјекти. Лани во земјава активни биле 75600 фирми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *