Вчера на Еленец се оддржа „Ден на дијаспората 2018“ (Фотогалерија)

Македонска Каменица 13.август.2018 година – Манастирскиот комплекс Еленец вчера по петти пат ги собра иселениците од Македонска Каменица и околината на „Ден на дијаспората 2018“ во организирација од општина Македонска Каменица.
Голем број на жители на Македонска Каменица кои својата егзистенција ја побарале низ европските земји се собраа во манастирскиот комплекс да го одбележат настанот и добијат информации за нивни можни инвестиции во родниот крај. Според евиденцијата на општината, околу илјада жители од Каменица се на печалба во Италија, Словенија, Германја, но и Австралија, Белгија и Америка.

Во склоп на работната средба, Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова ја презентираше општинската развојна програма „Создаваме модерна општина“ преку која ги истакна поволностите кои опшитна Македонска Каменица ги нуди на потенцијалните инвеститори, особено на иселениците-повратници кои имаат интерес за вложување во споствен бизнис во родниот град. Градоначалничката Стаменкова, во изјавата по завршувањето на работниот дел изјави: „Овој традиционален настан е доказ дека општината не ги заборава иселениците и дека нивното родно место ги чека со свои инвестиции да се вратат дома. Изградбата на регионалниот пат како предуслов за потенцијалните инвеститори да покажат интерес за овој регион. Тој пат е веќе направен и во делот на инфрастуктурата има подобрување. Македонска Каменица има и индустриска зона која не е класична туку нуди многу поволности и полеснувања па затоа ги повикувам сите заинтересирани да повелат во новоотворената канцеларија за дијаспора и да се запознаат со се“.

На вчерашната работна средба на Еленец присутна беше и Зорица Апостолоска, министер за странски инвестиции во Владата на Република Македонија која ги презентираше мерките кои Владата ги креира и нуди на инвеститорите, особено за оние кои сакаат да вложат во изградба на нови фабрики да донесат нови машини, да вложат во знаење за работниците или да се ориентираат на извоз.

„Денешниот настан е добра можност да се презентираат владините политики и планот за економски раст во сегментот на поддршка на инвестициите, при тоа надласувајќи дека за дијаспората финансиската подршка за инвестирање во нови бизниси во РМ е двојно зголемена. Со пристапувањето во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ сакам да ја пратам пораката до дијаспората дека со тоа државата ќе добие поголема политичката и економска стабилност што е важен фактор во смисла на обезбедување добра и сигурна бизнис клима. Еднаков пристап ќе има и кон домашните инвеститори, со тоа што патната инфраструктура е важен предуслов за инвестиции“, рече Апостоловска

На работната средба од вчерашниот традиционален собир покрај Министерот за дијаспора Едмонд Адеми и Министерот за странски инвестиции Зорица Апостолска, присуствуваа и поголем број на градоначалници од Источно плански регион.

За организација на забавниот дел од програмата се погрижи КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица. Извебата на Актив Бенд беше носечкиот дел од забавата, а специјален гостин беше еминетниот естраден уметник, Марјан Коцев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *