Вчера на Еленец во Цера се оддржа седмата „Бабина Баница“

Вчера, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица, се оддржа седмата по ред манифестација „Бабина Баница“. Манифестацијата беше организирана од каменичкото Здружение на пензионери, со поддршка на општина Македонска Каменица. Илјадници гости од сите краеви на Македонија, како и посетители од Србија и Бугарија може да уживаат во беспрекорните убавини на Еленец, во повеќечасовната културно-уметничка програма, како и во натпреварувачкиот дел-подготовка на баница на традиционален македонски начин.

Најголем непријател на настанот беше едночасовниот пороен дожд и град, но и тоа не ги спречи посетителите да се задржат на „Еленец“.

Уште сега организаторите на „Бабина Баница“ најавија дека манифестацијата догодина ќе биде уште помасовна и дека ќе бидат поканети гости од неколку балкански земји.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *