ВРЕМЕ: Сончево со температури и до 33 степени, попладне дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло, попладне ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а дневната од 18 до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината сончево и топло, а попладне ќе има дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната до 29 степени. Маврово 18, Охрид 25, Битола 28, Крива Паланка и Берово 25, Кавадарци 31, Дојран 33.

Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат пониски и ќе се движат од 16 до 30 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *