Врвот Руен (2252) по љубилеен 10-ти пат ќе биде домаќин на планинари од Македонија и Бугарија

Руен по десетти пат ќе ги собере љубителите на планината од Македонија и Бугарија на традиционалната средба „Балканот без граници“.

  • По десетти пат се одржува ова асредба која е во организација на НВО Здравец 2002 од Македонска Каменица, Риен од Крива Паланка и туристичкото дружтво Осогово од Ќустендил, изјави Миран Митревски, НВО Здравец 2002.

Врвот Руен кој е највисок врв во Источна Македонија и на Осоговските Планини со своите 2252 метри е место на обединување на околу 2000 планинари кои стигнуваат на врвот од три страни. Едната е од М. Каменица каде до Руен се поминуваат 34 км, другата е од  Крива Паланка, а третата е од Ќустендил. Сите треба да абидат на Руен во 11 часот кога и започнува средбата.

  • Ги покануваме сите планинари да се приклучат на маршот, а за сите учесници ќе има обезбедено вода и храна, кажа Митревски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *