Вработен во Твитер му го деактивираше профилот на Трамп

Твитер профилот на американскиот претседател Доналд Трамп @realDonaldTrump извесно време беше недостапен, со порака дека страницата не постои.

Овој проблем набрзо исчезна и профилот повторно се појави.

Како причина за ненамерното деактивирање на профилот, Твитер во подоцнежна изјава наведе „човечка грешка” на вработен во компанијата.

-Профилот беше исклучен 11 минути, а потоа вратен онлајн, се вели во објавата.

-Ние продолжуваме да го истражуваме случајот и да преземеме чекори за да спречиме вакво нешто повторно да се случи.

Подоцна Твитер објави дека нивната интерна истрага покажала дека на лицето кое го деактивирало профилот тоа му бил последен работен ден во компанијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *