ВО СРЕДА НА 15. НОЕМВРИ, СОВЕТОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЌЕ ЈА ОДРЖИ СВОЈАТА ВТОРА СЕДНИЦА

13.XI.2017 (kamenica.mk)

Во среда на 15.XI.2017 година, со почеток од 19:00 часот во салата за состаноци, Советот на општина Македонска Каменица ќе ја одржи својата втора седница по ред. Присутен на седницата на Советот ќе биде и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. На претходната, прва конститутивна седница која се одржа на 08. Ноември 2017г. беа избрани сите ограни и потребните комисии при Советот на општина Македонска Каменица за негово успешно и непречено функционирање. За претседател на Советот на првата конститутивна седница беше избран м-р Иван Кузмановски, како единствен кандидат за функцијата предложен од советничката група на СДСМ.
Советот на општината на утрешната втора седница по ред, ќе работи според следниов утврден Дневен ред:

                                                                         Дневен ред

  • Усвојување на записникот од I седница
  1. Предлог-Решение за разрешување и именивање на членови на постојните Комисии и одбори при Советот на општина Македонска Каменица.
  2. Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ЈП„Камена Река” Македонска Каменица.
  3. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ЈП„Доминг” Македонска Каменица
  4. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ЈОУДГ„Бамби” Македонска Каменица.
  5. Предлог- Решение за разрешување и именување на членови на Училишен одбор на ООУ„Св.Кирил и Методиј” Македонска Каменица
  6. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Училишен одбор на СОУ„Миле Јаневски Џингар” Македонска Каменица.
  7. Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на Јавната установа Здравен дом „Гоце Делчев” Делчево.
  8. Предлог- Решение за разрешување и именување на членови на Одборот за материјално финансиско работење на ЈП„Камена Река” Македонска Каменица.
  9. Предлог -Решение за разрешување и именување на членови на Одборот за материјално финансиско работење на ЈП „Доминг” Македонска Каменица.
  10. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изведување на тридневна екскурзија за учениците од деветто одделение за учебната 2017/2018 година.
  11. Предлог – Одлука за усвојување на кватрален извештај за општина Македонска Каменица за период од 01.01.2017 година до 30.09.2017 година.
  12. Предлог-Одлука за усвојување на развојни Програми за 2018 година за општина Македонска Каменица.
  13. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска    
  14. Предлог-Одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај за работењето на ЗГ СОС „Буба Мара“ Македонска Каменица.
  15. Разно.

 

Совет на општина МакедонскаКаменица

Претседател

м-р Иван Кузмановски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *