Во сабота РК “АСТРА – СПОРТ” од Македонска Каменица ќе биде домаќин на ракометен турнир организиран по повод големиот христијански празник Св.Никола

 

Оваа сабота 17. XII. 2016 година во спортската сала при ООУ “Кирил и Методиј” – Македонска Каменица со почеток од 10:00 часот РК “Астра – Спорт” ќе биде домаќин на ракомерниот турнир кој ќе се одржи по повод големиот христијански празник Св. Никола.

На турнирот ќе учествуваат машки и женски екипи од неколку градови во повеќе категории и возрасти на натпреварување. Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат РК “Младинец” – Кочани и РК “Кочо Рацин” – Кратово против домашната екипа “Астра – Спорт” од Македонска Каменица. Додека во машка конкуренција екипата на РК “Астра – Спорт” во Македонска Каменица ги дочекува екипите на РК “Торо – Спорт” – Виница и РК “Дедо Иљо Малешевски” од Берово.

I натпревар од 10.00ч – 10.40ч машки – Торо – спорт – Дедо Иљо Малешевски

II натпревар од 10.50ч – 11.30ч женски – Младинец – Кочо Рацин
III натпревар од 11.40ч – 12.20ч машки – Астра – спорт – Дедо Иљо Малешевски
IV натпревар од 12.30ч – 13.10ч женски – Асра – спорт – Кочо Рацин
V натпревар од 13.20ч – 14.00ч машки – Торо – спорт – Астра – спорт
VI натпревар од 14.10ч – 14.50ч женски – Младинец – Астра – спорт

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *