Во последните 8 години дури 1207 лекари ја напуштиле државата

Само во првите четири месеци од годинава државата ја напуштиле 110 лекари, покажуваат официјалните податоци од Лекарската комора на РМ. Тоа се лекари кои се обратиле во комората и побарале потврда за нивниот статус. Во последните седум години, вклучително и првото тромесечје од годинава, државата ја напуштиле 1207 лекари.

Бројот на лекари кои заминуваат да работат во странство  драстично започна да се зголемува од 2011 година и незапирливо расте.  Лекарите, особено младите уште на факултет посетуваат курсеви по германски јазик и најчесто одат да работат во земјите од ЕУ , како Германија, Австрија, Скандинавските земји, како и низ цел свет.

За да се спречи масовниот одлив на лекари, од Лекарската комора побарале од Министерството за здравство на специјализантите  по завршувањето веднаш да им се понуди работа во местото на живеење.

„ За да се спречи одливот на лекари побаравме од Министерството з а здравство веднаш да им биде понудена работа на специјализантите во нивното место на живеење. Тоа да се направи без обврзувачките договори кои беа бесмислени“, изјави др. Алберт Леши член на Извршниот одбор на Лекарската комора.

Најчеста причина за масовниот одлив на лекарите во странство се ниските плати и лошите услови за работа во јавното здравство. Се претпоставува дека бројот на лекари кои заминале да работат во странство е многу поголем бидејќи тие што студираат во други земји или на пример во соседна Бугарија немаат потреба да бараат потврда од Лекарската комора бидејќи патот кон ЕУ им е директно отворен.

Според истражувањето на Хелтгрупер од 2016 година, одливот на млади лекари во странство се случува и заради политичката состојба.  Дури 70 проценти од лекарите кои заминале во странство се изјасниле дека биле принудени да се вработат само ако се член на одредена политичка партија. Она што е фрапантно, исто така е дека  90 од анкетираните , се изјасниле дека не размислуваат да се вратат назад во земјата. Школувањето на секој од нив државата ја чини околу 60 000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *