Во петок „Марш за чист воздух“, а ако не се исполнат барањата – бојкот на изборите

Време е за радикални промени, за вистинска зелена револуција. Децениска негрижа, нема што не е загадено, девастирано, затруено. Бројни организации обединети во О2 иницијативата за во петок во 17 часот пред Министерството за животна средина закажаа Марш за чист воздух – #зеленареволуција.

„Доста ни е чекање, од година во година, бараме РЕАЛИЗАЦИЈА, конкретна, брза. Ако барањата не се исполнат, ќе повикаме на бојкот на изборите. Гласање за политичари кои нудат решенија само на хартија, а резултатите се сегашниве катастрофални состојби, не очекувајте!“ – стои во објавата на фан страната на О2 Иницијатива.

Повеќе информации побарајте на следниот ЛИНК.

Следете не на Instagram и Facebook или станете наш subscriber на Youtube.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *