Во општина Македонска Каменица се чистат речните корита

Македонска Каменица, 22. Јули 2019 година – Општина Македонска Каменица во согласност со годишната програма за работа и добиените насоки од Општинскиот кризен штаб за справување и управување со кризи започна со редовно чистење на сите речни корита на територија на општината.

Според належните во ЈП Камена Река, станува збор за акција со која се чистат речните корита од наноси и нискостеблести растенија кои го попречуваат нормалниот проток на вода во случај на поројни дождови.

Акцијата започна денеска со машинско чистење на речното корито на Каменичка Река која со крупна механизација се ослободува од нанесена земја и нискостеблеста вегетација. Покрај чистењето на речното корито од наноси, се врши уредување и заштита од поткопување на кејскиот ѕид. Во наредниот период, според утврдените состојби кај останатите речни корита на територија на општина Македонска Каменица од страна на надлежните служби, ЈП Камена Река ќе продолжи со чистење и на останатите речни корита и сливни подрачја, – изјавуват од општина Македонска Каменица

Изведувач на активностите во кои е вклучена и крупна механизација е ЈП Камена Река од Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *