Во нива се преврте Фиат Пунто. Повредени неколку лица од Македонска Каменица и Делчево

Според МВР, несреќата се случила на 1-ви Мај во 14:55 часот на патот Делчево – Полето во село Киселица. Со возилото управувал В.И. (21) од делчевското село Полето, кој во еден момент изгубил контрола.

Покрај другите лица што се превезувале со автомобилот се наоѓале и две 16-годишни девојки од Македонска Каменица кои се здобиле со телесни повреди откако возилото марка „Фиат Пунто“ поради неприлагодена брзина излетало од патот и неколку пати се превртело во нива.

Поради сериозноста на повредите, едно од девојчињата е префрлено во скопскиот Ургентен центар, додека другото е задржано на лекување во Клиничката болница – Штип.

Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица – Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *