Во мобилна амбуланта ќе се вршат бесплатни гинеколошки прегледи во паркот пред Домот на култура во Македонска Каменица

Бесплатни гинеколошки прегледи во Македонска Каменица

Во општина Македонска Каменица од 20.03.2023 година започнува со работа мобилната гинеколошка амбуланта во паркот кај Дом на културата во Македонска Каменица. Ќе се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места во општината, со цел превенција од рак на грлото на матката.
– За бесплатен ПАП тест заинтересираните жени можат да се пријават на телефонските броеви +389 33 412 010 и +389 70 254 650, а термините за преглед се секој работен ден со почеток од 10 часот, – стои во соопштението од текстот, упатено до нас, од Црвен Крст – Делчево
Со работата на мобилната амбуланта, како што стои во соопштението, треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи.

– Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката. Контролите ќе ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата, – се вели во соопштението

Работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари – МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *