Во Македонска Каменица спроведена акција за заловување на кучиња скитници

Македонска Каменица, 20.02.2020 година – На неколку локации во градското подрачје, како и во неколку населени места, во Македонска Каменица вчера заврши акцијата за заловување на кучиња скитници. Акцијата, како што информираа надлежните, се спроведе врз основа на Договорот склучен со ветеринарна служба од Куманово.

– Кучињата скитници кои беа затекнати, како во градот, така и во дел од населените места, беа успешно заловени од страна на ветеринарната служба. 1Вкупно 11-те заловени кучиња, во понатамошниот третман ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште, а ќе следува и третирање со вакцинација и кастрација, информираат надлежните.

Тие најавија дека постојано се спроведуваат акции за заловување на кучиња скитници во градското подрачје и поголемите населени места во Македонска Каменица.

– „За таа цел ги замолуваме граѓаните, да го пријавуваат присуството на кучиња скитници, за истите да бидат навремено третирани и со тоа да се одбегнат несакани последици по нивното здравје и безбедност“, – додадоа надлежните служби од Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *