Во Македонска Каменица се одржа натпреварот за Млади библиотекари. Победник е Марија Стоименовска

Македонска Каменица, 03. Април 2023 година – Вчера, на 03. Април во Домот на култура во просториите на библиотеката “Крсте Петков Мисирков” во Македонска Каменица се одржа општински натпревар „Млади Библиотекари 2023″. Библиотеката “Крсте Петков Мисирков” во Македонска Каменица функционира како библиотека клон на ЈЛБ “Илинден” во Делчево.

– Натпреварот, со времетрање од 60 минути, започна во 12:00 часот. Прашалникот, за младите библиотекари се состои од 20 прашања. На натпреварот учествуваа 8 ученици при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, – изјавуваат од Крсте Петков Мисирков во Македонска Каменица

Ментори на учениците учесници во натпреварот Млади библиотекари беа нивните предметни наставници Марина Василевска Стојановска, Сталинка Наумовска и Ивана Стоилова.

Комисијата за прегледување на прашањата се состоеше од три члена: Јасмина Митревска и Соња Ангелова, библиотекари и Марина Василевска Стојановска – наставник по македонски јазик во ООУ св. „Кирил и Методиј“ Македонска Каменица.

– По прегледаните прашања најмногу поени освои Марија Стоименовска со освоени 75 поени, Ема Димитровска второ место со освоени 70 поени и Моника Атанасовска 60 поени трето место, дополнуваат од библиотеката во Македонска Каменица.

Победникот на натпреварот ќе учествува на државниот натпревар „Млади Библиотекари 2023″, кој во Кочани ќе се одржи на 12. Мај 2023 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *