Во Македонска Каменица одбележан Св. Харалампиј – Заштитник на пчеларите и пчелите

Македонска Каменица,23.02.2021 година (kamenica.mk) –  Здружението на пчеларите од Македонска Каменица „Еко Кам Мед“ денеска пред православниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ го одбележа христијанскиот празник Св. Харалампиј – заштитникот на пчеларите и пчелата. По тој повод беше организиран собир на членовите на Пчеларското здружение, пред кои се обрати претседателот на Зружението на каменичките пчелари Боге Јанковски.


Чествувањето на Св. Харалампиј продолжи во Паркот на пчелата, каде од страна на градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, заменик министерот во МЗШВ, Трајан Димковски, како и директорите на Агенција за платежна картичка, Никица Бачовски и ЈП Пасишта, Виолета Илиевска.  Оваа мерка Здружението ја реализира со помош на локалната самоуправа и Рудникот САСА кои ѝ оваа година дадоа огромна поддршка за реализација на оваа програма.

Здружението на граѓани – Еко Кам Мед најави продолжување на реализација на Програмата и во 2021 година која ќе содржи соодветни едукативни обуки за пчеларите.

Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова која издрази задоволство што активностите на Здружението на пчелари продолжуваат со несмален интензитет и во време на пандемијата со Ковид 19. Зружението е во добра кондиција, добро организирано и најбројно во државата. Најави зголемена соработка и помош кон пчеларите, со цел зголемување на пласманот на каменичкиот мед, како брендиран производ на домашниот и европскиот пазар на здрава храна.

„Еко Кам Мед“ има над 100 членови на здружението кое е во тенденција на пораст. Радува фактот дека има се повеќе млади пчелари кои се зачленуваат во Здружението кои гледаат егзистенција во оваа дејност, – изјави Боге Јанковски, претседател на здружението “Еко Кам Мед”.


Јанковски ја искористи приликата пред присутните пчелари на денешниот собир да изрази благодарност до градоначалничката Стаменкова и локалната самоуправа за постојаната поддршка и сѐ поголемата соработка, која резултира со повисок степен на организираност и посветеност на развојот на пчеларството во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *