Во кочанско Теранци татко со нож го пробол својот син

Жител на кочанското село Теранци со нож го пробол својот син, информираше МВР.Според полицијата, инцидентот се случил вчера околу 23.20 часот во селото кога дошло до расправија меѓу Д.С. (75) и неговиот син Д.С. (38). Кавгата преминала во тепачка во која таткото извадил нож и два пати го пробол синот.

Повредениот Д.С. бил пренесен во Медицински центар Кочани каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Полицијата го привела Д.С. кој е притворен во Полициската станица Кочани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *