Во Виница се одржа ликовна изложба од јубилејната 20-та Меѓународна ликовна колонија „Карпино “

Виница, 03.02.2023 година – Во Домот на култура во Виница се одржа ликовна изложба од јубилејната 20-та Меѓународна ликовна колонија „Карпино “. Ликовната колонија беше реализирана во периодот од 17.08.2022 г. до 24.08.2022 година, во Етно село-Тимчевски, каде учествуваа 12 уметници од Америка , Србија и Македонија.

Уметниците твореа во традиционален македонски амбиент и имаа можност да посетат повеќе религиозни и културни обележја во нашата држава. Најголемиот дел од уметничките дела се техника акрил на платно масло на платно како и колажна техника. На минатогодишната ликовна колонија учество зедоа 12 автори, и беа изработени 25 уметнички дела. Настанот беше свечено затворен со бројна публика, каде беа доделени благодарници за уметниците, за заслужни компании и поединци, – стои во објавата од Домот на култура во Виница

 

Благица Стојановска, директорка на Домот на култура во Виница за Каменица.Мк истакна дека, Ликовната изложба се уште е отворена, при што граѓаните на Виница и околните градови од регионот можат да ја посетат изложбата и да уживаат во прекрасно изработените уметнички дела. Стојановска најавува богата културна пролет во Виница, со многу интересни и креативни содржини за уметниците и публиката во целиот источен регион.

 

 

Благодарниците ги врачи претседателот на Совет на општина Куманово Ивана Ѓеоргиевска, претседателот на Мултимедијален центар „Карпино“ Зоран Павловски и уметничкиот директор Дејвид Стоилковски. Дел од уметниците учествуваа во емисијата „Вкусот на традицијата“ каде приготвуваа храна од своите земји.

 

Линк до објавата: https://www.facebook.com/media/set/?vanity=domnakultura.vinica&set=a.680527483868086

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *