Во блиска иднина државата ќе ја уредува цената на водата за пиење

 

Раката на државата се подолга. Ќе одлучува и за цената на водата. Ова практично значи дека наместо општинските совети како досега, колкави ќе ни бидат сметките за вода , ќе одлучува  Регулаторната Комисија:

  • Регулаторна доставува решение за утврдување на тарифа, кое понатаму јавните претпријатија треба да си ги усогласат со општинските совети, кажа Димитар Петров, прет. на Регулаторна комисија.

Според правилникот за работа регулаторна цената ќе ја крои на следниов начин:

„За да се добие квалитетна услуга, неопходно е да се формираат цени кои ќе ги одразат оправданите трошоци на работењето на јавните комунални претпријатија, со цел да се овозможи квалитетно и одржливо користење на водната инфраструктура, но особено е важно да се има предвид водните услуги да бидат финансиски достапни до анселението“, стои во правилникот на Регулаторна.

За граѓаните ова значи вовед во нови, повисоки сметки на водата:

  • Сигурно ќе поскапи, ништо не поевтинело. Земете го примерот со струјата. И нејзината цена ја утврдува Регулаторна и постојано се качува. исто ќе биде и со водата, сметаат граѓани.

Досега, граѓанската логика се покажала како исправна, но од Здружението на комунални претпријатија се со следниов став:

  • Не мора да значи дека цената на водата ќе се покачи. Во некои случаи може да има и намалување, тврди Игор Спасов, прет. на АТКОМ.

Одлуката за промена на начинот на утврдување на цената на водата ќе почне да се применува од јануари 2019 година. Со неа, директно се засегнати оние јавни претпријатија кои имаат над 10.000 корисници.Во случајов на источниот регион, тоа се штипски „Исар“ и кочански „Водовод“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *