Вонредна метео-вест: Се очекуваат поројни дождови. На места со над 35 l/m²

Времето во Македонија денеска ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град.

Како што соопшти УХМР, се очекува на места да наврнат над 35 литри на метар квадратен дожд. Во вечерните часови врнежите ќе престанат.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 18, а максималната од 23 до 30 степени.

Во Каменица нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде 15, а максималната 29 степени.

И в недела попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен јужен ветер. Во првите денови од наредната недела во попладневните часови ќе има појава на нестабилност, но ќе биде полокализирана и повеќе ќе биде застапена во планинските подрачја.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 16 степени, а масималната од 24 до 30 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *