Поради минирање денеска од 13 до 15 часот ќе биде во прекин регионалниот пат Кочани-Македонска Каменица, на потегот од село Истибањa до Македонска Каменица, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.