Вознемирувачки фотографии на Facebook од нападите врз матурант со посебни потреби во ДСУ “Искра” – Штип

Нападнат ученик со посебни потреби. Станува збор за матурант во  Средното училиште за образование и рехабилитација „Искра “ од Штип.

Сестрата на ученикот, на својата фејсбук страница објави вознемирувачки фотографии од својот брат, со напомена дека ова не е првпат:

„…Денес Александар дете со посебни потреби ученик во ДСУ ,,ИСКРА” – ШТИП во попладневна смена го зедовме во состојба за која говорат фотографиите. За жал ова не се случува прв пат. (претходната објава ми е избришана од страната каде ја постирав…“ стои во објавата на неговата сестра.

Згрозени од фотографиите, први реагираа родители на деца со посебни потреби:

  • Не ми е јасно како службите во училиштето не реагирале. не барам казни, сепак се тоа деца, но некаква реакција мора да има. Затоа ние инсистираме на поставување на камери за да се следи секаков вид на непримерно однесување и на децата и на сите останати, а секако бараме и вклучување на родителите, кажа Викторија Каранфилова Китановска, член на Здруж. „Сплотени срца“ – Штип.

Инцидентот го потврдија и од училиштето “Искра“, од каде информираа дека, најверојатно,  станува збор за инцидент меѓу двајца ученици, но идентитетот на виновникот, не е утврден:

  • Настанот се случил синоќа за време на паузите од втората смена од наставата. Одма се преземени сите мерки, прегледан е видео надзорот. Утринава уште од раните утрински часови целата служба работи на случајот, се испитуваат учесниците во настанот. Жалиме за настанот. Разговарано е со родителот, и по завршувањето на случајот, родителот ќе биде информиран. Ние согласно Законот за средно образование, ќе си ги превземеме сите понатамошни мерки за евентуални санкции против учесниците во немилиот настан, изјави Марјан Арсов, дир. на СДУ „Искра“ – Штип.

Инаку, во ова средно специјално училиште во Штип се запишани 60 ученици, дел од нив патуваат, но некои се сместени во ученичкиот дом. Ова е единствена институција од ваков вид во Источниот дел на Македонија за згрижување, воспитание, образование и рехабилитација на ученици младинци со пречки во развојот и посебни образовни потреби. Од оснивањето до денес своето право на воспитание, образование и рехабилитација го оствариле околу 1000 ученици.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *