ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: СЕ ВРШАТ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА УЛИЦИТЕ ОСОГОВСКА, ИЛИНДЕНСКА И МАКЕДОНСКА

Поради извршување на градежни работи како дел од Договорот за санирање и крпење на градските улици, се препорачува внимателно возење поради извршени градежни зафати на дел од повеќе градски улици.

Општина Македонска Каменица ги предупредува возачите за внимателно возење особено на улиците Македонска, Илинденска и Осоговска.

Во наведениот дел од градот, на неколку места е отстранет оштетениот асфалт, при што движењето со автомобили е значително отежнато.

Од општината изразуваат благодарност за разбирањето, како до граѓаните, така и до возачите, на кои им се препорачува внимателно возење со прилагодена брзина, особено во текот на вечерните часови кога видливоста е намалена.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *