ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: ПОЈАВА НА ОДРОНИ НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ КАМЕНИЦА – КОЧАНИ

Предупредување до возачите кои сообраќаат на патниот правец Каменица – Кочани.

На повеќе места долж коловозот постои опасност од одрони. Особено во близина на браната Калиманци (100 метри после браната кон Кочани) каде огоромни камени одрони се наоѓаат на коловозните ленти на двете страни од патот.

Потребна е итна интервенција на Македонија Пат, како и асистенција на МВР за обезбедување на критичните места, со цел да се спречат несакани последици по возачите и патниците кои патуваат вечерва на овој патен правец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *