Возач на камион од Македонија загина во Бугарија

Во сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“ во Бугарија, загинал возач на камион со македонски регистарски таблички, дознава ТВ21 од извори на бугарското МВР.

Еден од камионите бил со македонски регистарски ознаки и превезувал санитарна опрема.

Од она што досега се знае е дека камионот бил на лентата за итни случаи, а до сообраќајката дошло кога се приклучувал на автопатот.

Се уште трае увидот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *