Внатрешни органи од заклани животни фрлени покрај самиот регионален пат Македонска Каменица – Делчево

Македонска Каменица, 29.12.2020 година – Внатрешни органи и други остатоци од заклани животни се оставени во близина на градската депонија, покрај самиот регионален пат од Македонска Каменица кон Делчево.

„Утрово добивме многу непријатно известување од наши екипи на терен за фрлени органи од животни покрај самиот регионален пат и градската депонија. Апелираме за поголема совестност. Да се престане со ваквите неодговорни дејства штетни за здравјето на граѓаните, јавната чистота и природата, – изјавија од ЈП Камена Река

Од таму велат дека нивни екипи задолжени за јавна чистота со вклучена крупна механизација излегле на терен и просторот веќе е исчистен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *