Влезниците за Плитвички езера најскапите во светот – Поскапи од оние во Јелоустон и Гранд Кањон

Плитвички езера стануваат едни од најскапите национални паркови во светот со наплата на билети во текот на летото на 300 куни (40 евра), што администрацијата го оправдува со тоа што треба да го ограничи бројот на посетители бидејќи оваа дестинација за светско наследство е загрозена поради сообраќајниот метеж.

Цената од 300 куни за возрасни се однесува за посети во јуни, јули, август и септември, додека цената за деца и помлади од 18 години во овој период е 120 куни (16 евра).

Ова значи дека билетите за четиричлено семејство ќе чинат 840 куни (112 евра), со додадена цена на храна, пијалок, паркинг што ги зголемува трошоците за дневно патување повеќе од 1.000 куни (134 евра).

Новиот ценовник стапи во сила од 1 јануари, а беше објавен во туристичките агенции минатата година, вели директорот на националниот парк Плитвички езера, Томислав Ковачевиќ.

“Целта е да се постигне одржливо управување. Многу е направено во последните две години за да се заштити природата од отпадните води и очекуваме дека во јуни, на конференцијата на УНЕСКО, дека ќе имаме позитивно мислење за 2019 година, но мора да опстојуваме во одржливо управување”, рече тој.

Програмата го ограничува бројот на посетители на 12.000 на ден, додека изминатото лето имаше дури 15.000 и 16.000 посети во Националниот парк.

Плитвички езера генерирале скоро 530,000 ЕУР приходи минатата година.

Речиси сите најпознати национални паркови во светот имаат поевтини билети: Цените се движат од 3,5 до 35 евра, а некои имаат поевтини билети за домашни посетители отколку за странци, а посетата на некои е дури и бесплатна.

За да го видите познатиот Гранд Кањон во САД, 35 долари мора да се издвојат ако се влезе со возило, или 20 долари ако се влезе пешки или со велосипед.

Влезницата за американски Јелоустон е 30 долари ако влезете со автомобил или 15 долари за пешаци или велосипедисти до седум дена престој.

Посетата на Нијагара во Канада е бесплатна.

Менаџерот на Националниот парк Плитвички Езера реагираше на овие факти тврдејќи дека езерата се едни од десетте најпопуларни природни дестинации во светот.

„Другите можеби имаат пониска цена, но треба да се каже дека Плитвички езера се 300 квадратни километри, а Големиот кањон во Америка е 5.000, така што степенот на оптовареноста на посетата е различен и ние мора да ги ограничиме посетите“, рече Ковачевиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *