Високи победи на “Баскет Кам” девојките против екипите на “Пробаскет” од Кавадарци

Македонска Каменица, 02.04.2022 година – Со високи 85:66 поени, ЖКК Баскет Кам славеше против екипата на ЖКК Пробаскет од Кавадарци. Во натпревар од редовно коло на Првата женска кошаркарска лига на Македонија, Баскет Кам и оваа натпреварувачка сезона, лесно ја потврдува доминацијата во македонската кошарка.

Веќе освоениот трофеј во Купот на Македонија, е доволен мотив кај Баскет Кам девојките за повторување на минатогодишниот успех против Бадел и спојувањето на двете титули веќе е реалност.

Покрај натпреварот од Првата кошаркарска лига на Македонија, се одигра и втор натпревар помеѓу Баскет Кам и Пробаскет од Кавадарци, во кој висока победа од 70:36 извојуваа каменичките кошаркарки од М18 генерацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *