Висока победа на фаворитот ЖКК Бадел1862 против ЖКК Баскет Кам

Заврши натпреварот помеѓу екипите на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица и ЖКК Бадел1862 од Скопје, дел од третото коло на Првата женска кошаркарска лига на Македонија. Кошаркарките на Бадел 1862 целиот натпревар го одиграа супериорно, во ниеден момент не им дозволија на каменичанки резултатски да им се приближат.


Ако во минатото коло ЖКК Баскет Кам се поигруваше со противникот од Делчево, ЖКК Клубски Патриот со кој одигра 73:37, денес каменичанки се најдоа на другата страна од резултатот. На домашен терен загубија со 57:88.
ЖКК Бадел 1862 е екипа која повеќе од деценија е број еден во домашното првенство со повеќе освоени титули во првенството и Купот на Македонија од женската кошарка.
Сепак, денешниот натпревар беше убава шанса за нашите млади кошаркарки, дел од младинската школа на КК Баскет Кам, да одиграат натпревар против навистина посилен противник, кој мора уште еднаш да напоменеме, професионално ја одработи денешната рутинирана победа во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *