Виртоузите од „Гоце Стевковски септет“ ќе свират во Македонска Каменица

Маестралниот македонски џез состав „Гоце Стевковски септет“ ќе настапи во Домот на култура во Македонска Каменица. Концертот е закажан за 29 јуни, со почеток во 20.30 часот, а влезот е бесплатен.

Овој настап е дел од летниот џез караван кој е поддржан од Министерството за култура на РМ, општина Македонска Каменица и Културно-информативен центар „Романса“.

Каменичани ќе имаат ретка можност да проследат концерт на врвни џез музичари, предводени од тапанарот Гоце Стевковски, кој веќе извесен период работи на своја авторска музика, а работи и како професор на Џез академијата во Штип. Во „Гоце Стевковски септет“ покрај Гоце се и Трајче Велков-труба, Кирил Кузманов-алт саксофон, Иван Иванов-тенор саксофон, Кирил Туфекчиевски-контрабас, Дамир Имери-клавијатури и Сашко Николовски-тромбон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *