Вино Скоп слави десет години постоење

Вино Скоп 2016 започнува во среда, 28 септември во центарот на град Скопје, но со нова локација.

Поради технички причини, фестивалот е поместен на платото пред Македонска Опера и Балет, односно на плоштадот „Мајка Тереза“. Тоа е одлична нова локација, веднаш до реката Вардар.

Вино Скоп годинава одбележува десетгодишен јубилеј и ќе биде отворен за посетители од 12:00, а ќе трае се до доцните вечерни часови. Пет фестивалски денови, посетителите ќе може да дегустираат вино од десет најдобри македонски винарии, како и вински коктели- сангрија и вино мохито. Покрај виното, ќе има македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи.14463024_1202901639774020_2628632051839562900_n

Музичката програма е шаренолика: џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно, шлагери. Веднаш до плоштадот „Мајка Тереза“ има неколку паркинзи каде што може да паркираат оние кои што ќе доаѓаат со возила, но секако препорачуваме сите кои што планираат да конзумираат алкохол да не возат, туку да користат јавен превоз или такси.

Влезот на фестивалот како и секоја година е бесплатен.

14368889_1201166829947501_7123518863489478786_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *