ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Денес е петок, 28 октомври 2016 година, 302-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:56, а ќе зајде во 17:37 часот. Денот ќе трае 10 часа и 41 минута.
Под влијание на Медитеранскиот циклон слабите врнежи од дожд кои во текот на ноќта ги имавме насекаде во Македонија, продолжуват и во раните утрински часови, иако во поголем дел веќе и ќе престануваат. Во Македонија во раните утрински часови нестабилно време со врнежи од дожд кои постепено ќе престануваат а на планините над 1400 метри се очекува и провејување на слаб снег. Во претпладневните часови услови за врнежи од дожд ќе има во југозападните, јужните и југоисточните предели, додека пак попладне се очекува да започне процесот на разведрување и повеќе сончеви периоди прво во северните предели. Ќе дува доумерен засилен североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 16 степени.

Во сабота не очекува студено утро со утрински температури од -3 до 6 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност и температури од 9 до 18 степени. Претежно сончево време со појава на локална облачност не очекува и во недела и понеделник, кога максималните температури ќе достигнат од 9 до 18 степени, односно од 8 до 17 степени. Во текот на ноќта понеделник кон вторник постојат услови за слаби локални врнежи од дожд, а во вторник во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 6 до 15 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *