(Видео) Пред преполна сала во Дом на култура – Македонска Каменица, настапи симфонискиот оркестар при ООМУ “Ристо Јуруков” – Кочани

 

КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица, синоќа пред преполна сала во Домот на културата, организираше бесплатен концерт на класична музика од современи автори, во изведба на  симфонискот оркестар при ООМУ „Ристо Јуруков“-Кочани.

– Новата сала при Домот на културата дава идеални услови за вакви изведби. Вечерва имавме можност да проследиме една прекрасна изведба. Беа исполнети дсет дела од современи автори. Овој концерт го посветивме на празникот на виното и љубовта, рече Огнановски, директор на КИЦ “Романса” – Македонска Каменица

Најави дека во организација на КИЦ „Романса“ во текот на овој месец следуваат и други културни настани.

– Веќе за утре го најавуваме “Каменичкиот сатирикон”, каде ќе настапат познати афористичари од Македонија, како Миле Ѓорѓијоски, Ленче Стоименова, Јане Атанасов, како и изложба на 100 карикатури од бугарски и македонски карикатуристи. На 18 февруари КУД „Вера Јоциќ“ ќе настапи во Белица, соседна Бугарија, а кон крајот на месецот ќе ја организираме детската претстава „Пинокио“ од Струмичкиот театар. Почетокот на март е резервиран за комедијата „Стујардеси“ на театарот од Кавадарци, истакна Огнановски.

Огнановски додаде дека целта, на ваков интензивен репертоар, е да се подигне културниот живот во Македонска Каменица во која, рече, во последните години не постоеле вакви културни настани.

– Покрај активностите за 28 август, кога се одбележува Денот на рударите и на Општина Македонска Каменица, имаме идеја во текот на целата година да организираме слични настани од културата, манифестации кои, секако, ќе бидат во рамките на нашите финансиски можности, но со добро менаџирање, можеме да извлечеме максимум.

Во изминатиов месец од КИЦ “Романса” најавија и враќање на „Распеаните каменичани“ на сцената и опремување на киносалата преку европски проект со што ќе се создадат услови градот да добие современо кино затоа што, рече, има деца кои воопшто не знаат што е кино и не изгледале ниту еден филм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *