ВИДЕО: Прво место на Бошко Стаменковски на WRPL во Бијелина, Република Српска

Македонска Каменица 01.12.2018 година – Бошко Стаменковски од Македонска Каменица, повеќегодишниот шампион во светска и европска конкуренција, денес во Бијелина, Република Српска (БиХ), освои прво место на Отвореното меѓународно првенство – WR PowerLifting.

Стаменковски успеа да крене најголема тежина од сите учесници на Отвореното првенство во конкуренција од категоријата до 75 килограми. Учествуваа натпреварувачи во PowerLifting од 6 различни балкански и европски држави.

Церемонијалниот дел и доделувањето на медалите е вечерва со почеток од 22:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *