Верижен судир кај Три Чешми. Има повредени патници

Вечерва на патот Велес – Штип се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа 6-7 возила. Како што изјавија за ТВ 21 од СВР Велес, несреќата се случила кога едно возило поради лизгавиот пат, удрило во столпчиња на патот, а потоа неможејќи да се контролираат, уште неколку возила удриле едно во друго. Има потврда за три полесно повредени лица.

„Кај местото Три Чешми во услови на снег и лизгав коловоз се случила сообраќајна незгода во која учествувале 6-7 возила. Најпрво едно возило удрило во столпчиња, а во него потоа се случил верижен судир. Три лица се со полесни повреди. Нема застој во сообраќајот и истиот непречено се одвива. Полицијата врши увид“, изјавија од СВР Велес.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *