Велосипедска тура „Tour de Kalimanci lake“ околу брегот на Калиманско Езеро

„Tour de Kalimanci lake“ ќе ги собере велосипедистите во недела на планинска тура околу Калиманско Езеро. Собирно место на „Tour de Kalimanci lake“ е на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, а официјалниот дел од турата започнува од браната Калиманци. Турата завршува со завршувањето на локалниот пат во село Илиово. Вкупната должина на патеката околу Калиманско Езеро е 36 километри, додека официјалниот дел од „Tour de Kalimanci lake“ е 22 километри. Патеката ќе биде обезбедена со попатни станици за краток одмор и пунктови со освежителни пијалоци.

Пријавувањето за учество на „Tour de Kalimanci lake“, започна на 19. Август 2019 година и ќе трае до пред стартот стартот на турата 25 Август 2019 година (Недела). „Tour de Kalimanci lake“ започнува во 09:00 часот.

Велосипедската тура е рангирана со средна тежина за возење, ранг 5. Учесниците кои немаат навршено 18 години, можат да учествуваат единствено со присуство на родител или старател. За сите кои ќе се пријават најдоцна пред почетокот на трката задолжително е поседување на заштитна „кацига“ и дополнителна индивидуална додатна опрема. Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица и според организаторите има за цел покрај дружењето и рекреацијата на учесниците, да се даде силен придонес кон промоција на природните убавини на Македонска Каменица и Калминаско Езеро во функција на развој на спортот и туризмот во ова подрачје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *