ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ТППЕ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

ТППЕ Македонска Каменица упати важно предупредување до граѓаните на Македноска Каменица за зголемена внимателност во екстремно сувиот и сушен период, со цел спречување на појавата на шумски и пожари на отворено.

“Поради екстремно високите температури кои се очекуваат деновиве, а со тоа и поради големата суша која ја зафати Македонија во следниот период, препорачуваме внимателно однесувсње на граѓаните во природа и строго почитување на забраната за движење низ шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски и полски пожари” – стои во соопштението од ТППЕ Македонска Каменица

Во изминативе неколку денови, сме сведоци на појава на неколку шумски пожари во делчевскиот и беровскиот регион. Институциите јавуваат дека пожарите се ставени под контрола, но опасноста од ширење на истите останува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *