Бугарија го воведува еврото?

На 13-та годишна средба во Софија на која што присуствуваа претставници на Владата на Бугарија предводени од премиерот Бојко Борисов и претставници на Европската комисија на чело со потпретседателот на ЕК и еврокомесар за еврото и социјален дијалог, Валдис Домбровскис, меѓу другото, беше разговарано за замена на бугарските левови и воведување на еврото како основна валута во Бугарија, пишува порталот Банкарство.мк.

“Воведувањето на еврото е важно за малите и отворени економии, каква што е бугарската, кои зависат од извозот”, изјави Домбровскис. Toj нагласи дека во изминативе 20 години ниту една друга валута не е толку силна, стабилна и поволна за користење, како што е еврото.

Еврокомесарот во обраќањето изрази задовоство од заложбите на Бугарија да ги исполни условите за воведување на еврото како национална валута, нагласувајќи дека замената на левот со заедничката европска валута особено би била од полза за бугарскиот туризам.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов изјави дека неговата земја има за цел да го воведе еврото до 2022 година и покрај отпорот на дел од локалните бизнисмени кои стравуваат од поголема контрола врз економијата.

Според Борисов, една од главните придобивки од воведување на еврото е тоа што банкарскиот систем на Бугарија ќе биде подисциплиниран, бидејќи ќе биде надгледуван од Европската Централна банка, а не од властите кои, како што наведе, знаат понекогаш да бидат поблаги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *