Бугарија: Бизнис училиште нуди биткоин- стипендии за учениците

bitkoin

Од користење криптовалути во форма на школарина, доделување стипендии, до дизајнирање наставна програма, универзитетската поддршка за биткоини значително се зголеми оваа година.

Растечкиот успех и популарноста на биткоинот во 2017 година предизвика потврдување на моќноста на оваа криптовалута од уште еден неочекуван извор: универзитетите.

Универзитетот во Варна за менаџмент на прес-конференција за медиумите објави дека 10 од кандидатите за програмата за софтверско инженерство ќе имаат можност да добијат биткоин-стипендија. промената ќе стапи во сила на почетокот од есенскиот семестар во 2018 година. Износот за семестар ќе биде 1.000 евра: кандидатите за стипендијата ќе имаат можност да ги добијат парите во евра или во биткоини.

Универзитетот се надева дека неговите планови ќе ја интегрираат дигиталната валута во школарината и во програмата за софтверско инженерство, со што ќе овозможат генерирање на поголемо внимание. „Бидејќи Универзитетот во Варна ќе биде единствениот акредитиран универзитет што нуди биткоин-стипендии, веруваме дека ќе имаме шанса да привлечеме некои од најдобрите студенти во Варна“, се вели во соопштението од печатот.

„Цврсто веруваме дека криптовалутите се неизбежен технички развој што ќе доведе до значителни иновации во сите аспекти на нашиот живот. Универзитетот во Варна е иновативен универзитет ориентиран кон иднината. Одржувањето и интегрирањето на биткоинот е само рационален избор за нас“, додаваат тие.

Иницијативата е со цел голем број универзитети да ја покажат нивната поддршка за биткоинот.

Универзитетите можат да играат важна улога во премостувањето на јазот помеѓу финансиите и технологијата што го спречува биткоинот да се здобие со целосното прифаќање што треба да го има. Големите образовни институции обработуваат значителен паричен тек, така што експериментирањето со биткоин е добар начин за поддршка на криптовалутите долгорочно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *