Бритиш Медикал: Маж ослепел на едно око после силен оргазам

 

Лондон, 23 ноември 2017 (МИА) – Еден маж завршил во болница слеп на едното око, откако доживеал силен оргазам, пишува Бритиш Медикал џурнал.

Списанието објави дека 29-годишниот маж ноќта ја минал во страстен секс, а кога се разбудил сфатил дека не гледа на левото око.

Лекарите претпоставувувале дека тој во еден момент извел нешто што се вика Валсалвин маневар, односно дека ги напнал абдоминалните мускули и го задржал здивот, поради што му се зголемил притисокот во белите дробови.

Тој притисок резултирал со пукање на крвните жили во окото после епизодата на „див сексуален однос“.

„Дијагнозата беше нејасна, па побаравме да се врати на контрола за три дена. Тогаш, друг лекар го прашал за неговите сексуални активности и тогаш раскажал за страстниот сексуален однос кој претходел на симптомот“, се наведува во неговата дијагноза.

На крајот, дијагнозата била посткоитална Валсалвина ретинопатија. Валсалвиниот маневар може да предизвика и губење на помнењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *