Брегалница не дозволи изненадување на домашен терен од Каменица-САСА

18.XI.2017 kamenica.mk

Заврши 13-то коло од Втората фудбалска лига. Одиграни се 4 натпревари, од кои на два славеа домаќините, еден натпревар заврши нерешено и победа однесоа гостите на еден од натпреварите. Состојбата на дното и на врвот на табелата останува непроменета. Саса и Победа од Валандово ги изгубија денешните натпревари. Саса во Штип од Брегалница прими два гола, а Победа на домашен терен прими 3, а даде само еден гол. Така и двете екипи остануваат со по 11 бода и ја делат седмата позиција. Осогово по освоениот бод против моменталниот носител на табелата Беласица фаќа приклучок со заостанување од 3 бодови.
Наредното коло е последно во оваа полусезона и е со особена важност за ФК Каменица САСА бидејќи на домашен терен го пречекува токму ФК Осогово.


На денешниот натпревар Саса го загуби натпреварот уште по првите 35 минути од играта, до кога домаќините преку две нафрлени топки успеаа да поведат со 2:о.  Така и заврши натпреварот иако гостите имаа неколку изгледни шанси за гол, од кои два удара завршија и во стативата од голот на домашна Брегалница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *