Бранкица Васевска: „Пет месеци во Хрватска ми се малку, едвај чекам да се вратам“

Каменичанката Бранкица Васевска е студентка на Факултетот за туризам и бизнис логистика во Скопје, а во Шибеник беше пет месеци како дел од Еразмус програмата. Сите пет месеци во Шибеник ги помина во студнетски дом, бидејќи како што вели Бранкица, „не сакала да живее во некакво приватно сместување, затоа што приоритет и бил да го почувствува вистинскиот начин на студирање во Хрватска“.

– По презентацијата на Еразмус, разговарав со своите професори во Македонија кои ми објаснија се што сакав да знам за оваа програма. Сакав нови предизвици и заради тоа се пријавив баш за Шибеник. Сакав се да видам директно, со свои очи, да го истражам секој дел од градот, кој навистина е прекрасен. Тоа е мал град, но со богата култура и историја. На почетокот имав мали проблеми во комуникацијата, но бргу се вклопив во новата средина. По Шибеник, продолжувам со студирањето во Скопје, но наскоро се враќам таму, на Конгрес за студенти кои студираат туризам. Не постојот зборови со кои може да се опише мојата среќа што повторно ќе ги видам пријателите во Шибеник. – вели Бранкица Васевска.

* оригиналното интервју со Бранкица Васевска можете да го најдете на следниов ЛИНК.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *