БОЈАН ТРАЈКОВСКИ ПРОГЛАСЕН ЗА КОШАРКАР НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2018 ГОДИНА

Македонска Каменица, 21.12.2018 година – Бојан Трајковски ја доби наградата за најдобар кошаркар во македонската кошарка за 2018 година. Голем успех за каменичанецот Трајковски кој својата професионална кариера ја започнува во Балкан Стил во 2002 година, за потоа да забележи успешни сезони во Работнички, Торус, Фени Индустри, Куманово, Лирија, Карпош Соколи и МЗТ Скопје.

Интернационалната кариера оваа сезона ја гради со одличните настапи за Пакш, Унгарија. Претходно има настапувано за игал Приштина и Чарни Слупск од Полска.

Има освоено повеќе награди и забележано неколку номинации помеѓу најдобрите во македонската кошарка изминативе 15 години наназад. Скоро секоја сезона се наоѓа во најдобрата домашна или најдобра сезонска петорка. Има освоено 8 првенства на Македонија со различни клубови, најмногу со Работнички дури 4, од кои три последователни. Во истиот период освојува и три Куп натпреварувања во македонската кошарка, од вкупно 6-те.
Репрезентативната кариера, особено ја изгради со одличните натпревари и огромниот придонес за националниот тим од квалификациите на репрезентацијата на Македонија за ЕП 2015.

Наскоро го очекуваме неговото враќање со родниот град, кога се надеваме дека ќе оствариме разговор со дибитникот на наградата Кошаркар на Македонија за 2018 година, надополнето со нови свежи детали од звучното име на македонската кошарка и спортски амбасадор на Македонска Каменица, Бојан Трајковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *