Бошко Стаменковски: Со голема упорност изгубив триесет килограми и успеав да станам светски шампион

Бошко Стаменковкси со години мака мачел со килограмите. Започнува да вежба и да води здрав живот со посебен режим на исхрана со цел да се ослободи од прекумерната тежина. Секојдневното вежбање и пролеана пот ги дале очкуваните резултати. Бошко не само што се ослободува од килограмите туку се “заразува” и со некои спортски дисциплини и продолжува да спортува. Иако спонтано во својата четврта деценија од животот, сепак постигнува успеси со кои ја прави горда не само неговата Македонска Каменица, туку и Македонија.

By

Vase Kocev

Published on

Wednesday, November 28, 2018 – 00:24

File size

16.81

Duration

18 min 21 sec

Со свои 165 см. височина и 98 кг. тежина сватив дека мора нешто да променам во мојот живот за да ја намалам телесната тежина, вака ја започнува својата приказна за СБС Радио, Бошко Стаменковски, од Македонска Каменица.

” Главна цел ми беше да ја намалам тежината. Започнав со трчање и вежбање. Бидејќи во Македонска Каменица немаше теретани и фитнес сали, мораше да патуваме и вежбаме со пријателите во соседните градови”.

Првичните резултати не биле задоволителни. Но, упорнoста на Бошко продолжила. Се советувал со спортисти, нутриционисти и направил свој режим на исхрана прилагодени на неговата телесна тежина и височина. Резултатите станале видливи кога во 2014 година за околу шест месеци изгубил 22 кг. и комплетно го променил својот физички изглед.

Bosko Stamenkovski

Бошко Стаменковски пред и после својата трансформација со намалување на 30 кг од својата телесна тежина.

Бошко има и совет до оние кои сакаат да се ослободат од прекумерната тежина:
” Секој прво треба да си направи свој режим на исхрана и секако потребно е класично трчање, возење велосипед, вежбање во фитнес клубови. Но, најважен дел е режимот на исхрана но и да не се очекуваат брзи резултати”.

Со секојдневното вежбање и присуство во фитнес центрите заради намалувањето на килограмите, Бошко спонтано започнува да се занимава и со бодибилдинг.
Во 2014 година за ветерани над 40 години го освојува првото место во Македонија. Истата година на турнир во Србија го освојува второто место. Таму запознава и луѓе кои се занимаваат со пауерлифтинг (powerlifting) односно дигање тегови.
” Ме поканија да учествувам на турнирот и го прифатив предизвикот. Но, останаа изненадени од резултатите. Поставив четири Балкански рекорди а тоа ми беше виза и за ЕП во Англија. Таму пак бев прв во дигање тегови до 75 кг. И на следното големо натпреварување на СП во Лас Вегас го освоив првото место”.

Bosko Stamenkovski

Бошко Стаменковски шампион во бодибилдинг и на СП во пауерлифтинг во Лас Вегас.

После успешните настапи во бодибилдинг и пауерлифтинг од минатата година шампионот од Македонска Kаменица се префрла во нова спортска дициплина, стрит воркаут (street workout) или познат уште и како калистенис.

Бошко се натпреварува во дисциплините склекови и подигање и пропаѓање на вратило и разбој со товар.

“Омилена дициплина ми се склековите. Во последните две години просто сум непобедлив. Според некои податоци светскиот рекорд изнесува 91, а јас без проблем правам 95 склекови” вели Бошко и додадава:
“На 9-ти декември патувам за Холандија на силен меѓународен турнир каде ќе се обидам да поставам нов светски рекорд”.

Бошко е горд на постигнатите резултати но исто така и што успеал во Македонска Каменица со помош на донатори да се изгради фитнес центар кој е бесплатен за сите заинтересирани, а тој е тука да помогне и со совети. Прави обиди да се формира федерација на овие спортови во Македонија и се надева дека наскоро и тоа ќе се случи.
Постојаните патувања вели дека бараат дополнителни финансиски средства за кои некако се снаоѓа. Секојдневното тренирање понекогаш бара и откажување од некои задоволства но стекнатите нови пријателства и доживувања и задоволтвото што ја претставува Македонија вели дека се поголеми.

“Со гордост ја претставувам Макеоднија и многумина кога ќе ме видат сам без тренери, менаџери и помошници се чудат како можам да постигнувам такви успеси”.
А, на прашањето во што е клучот на успехот Бошко вели:

“Во секојдневното тренирање и желбата за победи и докажување. Тренирам двапати дневно и секој ден возам велосипед по 70 км. Пред секое натпреварување си поставувам цел која мора да ја исполнам”.

Bosko Stamenkovski

Целата приказна за шампионот од Македонска Каменица, Бошко Стаменковски, можете да ја слушнете во аудио записот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *