Бошко Стаменковски се враќа со нов златен медал од Нанси, Франција (Видео)

Македонска Каменица 01.06.2018 година – Најголемиот спортски амбасадор на Македонска Каменица, нашиот сограѓанин Бошко Стаменковски се враќа со ново злато од Нанси, Франција. Тој подигна 130 килограми во М2 категоријата и неприкосновено го освои првото место на Европското првенство од Пауерлифтинг натпреварувањето.

Бошко Стаменковски, години наназад е најдобар македонски Пауерлифтинг натпреварувач кој има освоено многубројни медали и соборено неколку европски и светски рекорди во досегашните натпреварувања. Постојано е во врвна форма, благодарение на неговата упорност и повеќечасовните секојдневни тренинзи.

 

 

 

 

Ова е уште еден надминат предизвик на Стаменковски. Тој и овој пат успеа да го освои првото место во огромна конкуренција на повеќе натпреварувачи од цела Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *