Бошко Стаменковски неприкосновен на BENCH PRESS – CROATIA OPEN CUP

Повеќекратниот блакански светски и европски шампион во неколку категории на натпреварувања од “БенчПресс” и “Поуер Лифтинг”, каменичанецот Бошко Стаменковски се враќа со уште еден освоен златен медал од денешното натпреварување во Задар, Хрватска.

Бошко е неприкосновен победник на годинешниов Отворен Меѓународен Куп на Хрватска во “БенчПресс” категорија до 75 килограми, со кренати 130 “Бенч” килограми. Ова е еден од неговите поголеми успеси во 2019 година. На Купот во Задар учествуваа натпреварувачи од Хрватска, Словенија, Црна Гора, Србија, Северна Македонија и Чешка.

Во продолжение можете да го видите настапот на Бошко Стаменковски во Задар, Хрватска:

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *