Македонска Каменица 12.09.2018 година- На интернационалното натпреварување во дисциплината STREET WORKOUT во Пула,Хрватска македонските преставници имаа долга низа на освоени медали и се претставија во одлично светло.
Најискусниот меѓу нив и долгогодишен успешен на меѓунардна сцена, Бошко Стаменковски го освои првото место во дисциплината PUSH UP CHALLENGE STREET WORKOUT, додека одлично се претстави и во PUSH UP CHALLENGE BATLE 1vs1 STREET WORKOUT.
Останатите македонски учесници Александар Христовски имаше три освоени медали во дисциплините: Pull up 1 место, Pull up со 32 кг 2 место и dipss 3 место. И третиот учесник Атанас Дебников освои второ место во dipss.