Бонева за две години наплатила 60.000 евра од ДИК

Силвана Бонева, како член на ДИК, за првите шест месеци од годинава добила 12.000 евра за патни трошоци, објави „24 Вести“. Според телевизијата, доколку се соберат сите примања и надоместоци, вклучувајќи ја и платата како член на ДИК, излегува дека Бонева за две години наплатила од Комисијата околу 60 илјади евра.

Лани, кога беше обелоденета информацијата за високите патни трошоци, Бонева се откажа од барањата за исплата на патни трошоци за следните неколку месеци од втората почовина на годината, а потоа до крајот на годината прикажуваше многу помали трошоци за пат. Сепак, од почетокот на годинава повторно се исплатени огромни суми.

Пресметките покажуваат дека Бонева за две години, колку што е во ДИК само за патни трошоци, земала 24.000 евра. Тука е и платата која за две години изнесува 24 илјади евра. Бонусот, пак, кој го добила со едногласно донесената одлука за исплата на надоместоци, изнесува 12.000 евра.

Нејзиниот колега Атанас Урумов, кој доаѓа од Гевгелија, за првите шест месеци од годината добил патни трошоци во износ од 11.500 евра. Лани, во истиот период добил уште 3.000 евра. Нема податок, колку добил во втората половина од минатата година. Тука се и дополнителните „бонуси“ од 12.000 евра, како и платата, што за две години изнеусва 24.000 евра. Тоа значи дека Урумов за две години како член на ДИК добил, околу 50.500 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *